Connect with us

македонија

Трговија со органи во Република Македонија

објавено

на

Во Република Македонија се огласија бројни кампањи на невладини организации во врска со транплатацијата на човечки органи, кои го потикнаа пршањето за ревизија и модернизирање на законски решенија за регулирање на начинот на процесирање на овој облик. Во 2008  година била формирана Национална фондација за трансплатација, а нејзина задачи се како да се имплементираат законските регулативи следејќи ги светските и европските закони за трансплатација, а другата задача е да ги информира граѓаните за тоа што всушност е трансплатација, да дава поддршка на семејставата приматели на органи, да дава поддршка за едукација на медицинскиот кадар, да врши набавка на лекови и хируршки материјали и да организира кампањи. Потојат три вида на трансплатација на коскена срцевина: автологни, алгони од семејството на пациентот и алогни од добротвотни дарители. Во нашата држава се вршат првите два вида на трансплатација на коскена срцевина. Актуелното законодавство за трансплатација на човечки органи е претставено со Законот за пресадување на делови од човечкото тело заради лекување.

Со овој закон се уредени условите под кои можат да се земат, чуваат, обработуваат, разменуваат, пренесуваат и пресадуваат делови од  човечкото тело (органи и ткива) од живи или умрени лица заради лекување, условите што треба да  ги исполнуваат здравствените установи што вршат работа на земање, чување, обработување, разменување, пренесување и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, организација и спроведување на земање и пресадување делови од човечкото тело, како и надзор над спроведувањет на овој закон. Во законот изречно се наведени и определени забрани како за давање и примање на паричен надоместок или друг вид на корист за давање на делови од човечкото тело, забранети се трговија со органи и ткива и огласување на потребите и достапноста на биолошкиот материјал за пресадување.


Continue Reading