Connect with us

македонија

LG енергетски ефикасни и економични системи кои ги заменуваат традиционалните начини на затоплување

објавено

на

lg-toplinska-pumpa

Кои се придобивките од инсталирање и користење на топлинска пумпа наспроти користење на традиционалните начини на затоплување?

Модерниот начин на живот креира потреба од поголем комодитет во домовите, комодитет кој претставува совршен баланс на условите во кои живееме и висината на потрошувачка и сметки за електрична енергија. Дополнително треба да се земе во предвид дека секој човек може да допринесе за намалување на загадувањето и за тоа каков воздух дишеме преку намалување на потрошувачката на енергија и користење на еколошки системи, се со цел да ја одржиме нашата планета за нашите поколенија.

Потребата од намалени сметки за електрична енергија или пак намалување на трошоците за санитарна топла вода, загревање, ладење на целиот дом, регулирање на температурата во секоја просторија и далечинско управување на команди за загревање и ладење се само дел од придобивките кои ги овозможуваат топлинските пумпи.

Како се постигнува сето тоа? Едноставно. Топлинските пумпи не создаваат топлина, тие ја пренесуваат топлината од едно до друго место. На пример, електричната печка создава топлина која се дистрибуира низ собата, додека топлинската пумпа ја апсорбира топлинската енергија од надворешниот воздух (дури и при ладни температури), енергија која потоа се користи за загревање на вода која се пренесува низ целиот дом.

LG Therma V топлинската пумпа функционира според систем на топлинска пумпа воздух-вода (Air to water heat pumps AWHP) и користи напредни технологии и природна енергија од воздухот за производство на еколошко греење, ладење и топла вода. Therma V системите се еколошки системи кои употребуваат 75% од природната енергија апсорбирана од надворешниот воздух и 25% од електричната енергија. Рангирањето на уредите со А+++ енергетска класа укажува на мала потрошувачка и соодветно, ниски сметки за електрична енергија. Ваквотонамалување не се однесува само на зимските месеци, туку и за текот на целата година, бидејќи системот овозможува и ладење на домот / просториите исто така. Дополнителна придобивка од употребата на топлинските пумпи, покрај големата заштеда на енергија, е  тоа што преку топлинската пумпа се добива и топла санитарна вода за туширање. Истото се овозможува со замена на електричниот бојлер кој има конверзија на електрична со топлинска енергија од 1:1, што значи 1 kw електрична дава 1 kw топлинска енергија, со нов, еколошки и модерен систем кој има конверзија 1:4 или 1 kw електрична дава 4 kw топлинска енергија. Инвестицијата во топлинска пумпа целосно се враќа во период од 3-4 години, која покрај иницијалното вложување, има минимални и незначителни трошоци за одржување во текот на годината. И секако, гаранцијата на LG Therma V топлинска пумпа е валидна за период од 3 години при инсталација изведена од страна на LG лиценциран тим.

Со инсталирање на топлинска пумпа на LG добивате систем кој доколку е потребно може да се надоврзе на веќе постоечка инсталација во домот, без разлика дали се тоа   грејни тела, радијатори, панелки, фенкојлери и/или системи за подно греење и можност за топлење на водата до +65⁰C. Систем кој притоа со себе носи еден интуитивно напреден централен контролер преку кој се регулира  температурата низ целиот дом.

LG Therma V топлинските пумпи во себе содржат LG R1 компресор кој обезбедува највисоки перформанси созголемена енергетска ефикасност, кој работи одлично и на -25C и има ниска фреквенција на бучава (5dB (A)). Надворешната единица е прекриена со антикорозивна заштита “ocean black fin” составена од црн и хидрофилен премаз. Топлинската пумпа работи со еколошки тип на гас R32 што овозможува поголема енергетска ефикасност и побрзо загревање и ладење споредено со другите еколошки типови на гас кои се користат во топлински пумпи како на пример R410, итн.

Со апликацијата LG ThinQ се овозможува „паметна“ контрола на системот без разлика каде се наоѓате, поволност која овозможува далечинско управување, вклучување/исклучување   на системот за греење и поставување на посакуваната температура.

Како дополнителна поволност за купување на топлинска пумпа, Програмата за финансирање на зелена економија во Западен Балкан (ГЕФФ) со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедуваат инвестиции во зелената економија во станбениот сектор. Инвестиции кои успешно имплементирани те и потврдени проекти обезбедуваат грантови од 15 % до 20% од прифатливите трошоци за проекти во индивидуализирани станови или куќи. И/или 25% до 35% од прифатливите трошоци за проекти во колективни станбени згради.

За сите детални информации можете да се обратите во овластениот претставник и сервис  за комерцијалната програма за греење и ладење ФМС дооел на 02 3 222 246 или www.fms.mk