Како компанија која се стреми кон зачувување на животната средина, Нетам ДОО, започнува со реализација на нов проект- “Изработка на изолациони градежни материјали од текстилен отпад”, кој покрај големото економско и развојно значење за оваа компанија има и голема еколошка димензија.
Вкупната количина на отпад во Македонија на годишно ниво се проценува на 26 милиони тони, од кои 2,2 милиони тони е цврст отпад. Најголем дел од овој отпад завршува на депонии, каде најчесто се врши негово согорување, а со тоа огромно загадување на животната средина.
Преку рециклирањето на текстилниот отпад ќе се создат нови алтернативни материјали кои можат да се применуваат во градежната индустрија како материјали за звучна и топлинска изолација во објектите, притоа обезбедувајќи го потребниот комфор во домот, збогатен со материјали безбедни за човековото здравје.